Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања денеска го отфрли планот на израелските власти за затворање на постојниот систем за помош во Газа.
„Не прифаќаме предлог и план што не ги исполнува основните хуманитарни принципи на непристрасност, неутралност и независна испорака на помош“, изјави во Женева, портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, Јенс Лерке.
Според него, израелскиот план е „дизајниран за дополнително да го контролира и ограничи снабдувањето, што е спротивно на тоа што е потребно“.