Сто дваесет и седум камиони со хуманитарна помош денеска влегоа во Појасот Газа, јавија израелските медиуми.
Според „Тајмс оф Израел“, 67 камиони биле прегледани на израелскиот премин Никана, пред да бидат префрлени на египетскиот премин Рафа и транспортирани во Газа.
Покрај тоа, 60 камиони беа прегледани на израелскиот премин Керем Шалом и оттаму директно влегоа во Појасот Газа.
Израел претходно вети дека ќе дозволи најмалку 200 камиони хуманитарна помош да влезат во Газа на дневна основа. (МИА)