Останати спортови

ФОТО: Ги загуби олимписките медали во пожарите кои го опустошија Лос Анџелес, Гари Хол доби нивни реплики

Сите свои олимписки одличја беше принуден да ги остави во својот дом во Пацифик Палисејдс за време на катастрофалните пожари во Лос Анџелес во кои загинаа 29 луѓе.

ФОТО: Ги загуби олимписките медали во пожарите кои го опустошија Лос Анџелес, Гари Хол доби нивни реплики

Прославениот американски пливач Гари Хол (50) на церемонија одржана денеска во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) доби реплики од десетте олимписки медали кои ги освои во кариерата, а кои беа уништени за време на пожарите што го опустошија Лос Анџелес во јануари оваа година.

IOC

Медалите му ги врачи претседателот на МОК во заминување, Томас Бах.

Хол, кој беше специјалист за спринтерските дисциплини во слободен стил, настапи на Игрите во Атина во 1996 година, Сиднеј 2000 и Атина 2004, освојувајќи пет златни, три сребрени и два бронзени медали.

IOC

Сите свои олимписки одличја беше принуден да ги остави во својот дом во Пацифик Палисејдс за време на катастрофалните пожари во Лос Анџелес во кои загинаа 29 луѓе.

To top