Познати татина ќерка

ФОТО: Принцезата Шарлот е копија на својот татко, социјалните мрежи преплавени со споредби со Вилијам

ФОТО: Принцезата Шарлот е копија на својот татко, социјалните мрежи преплавени со споредби со Вилијам

По повод 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, традиционално беше објавена нејзина фотографија што никогаш порано не е видена, и се чини дека откако ја погледнале, сите дошле до ист заклучок – сличноста со Вилијам е неверојатна.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон споделија нова фотографија од нивната ќерка на социјалните мрежи во петокот со краток опис: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.

Младата принцеза беше фотографирана како ужива во излет во природа облечена во јакна и син ранец.

Набргу по споделувањето на фотографијата, социјалните мрежи беа преплавени со споредби помеѓу изгледот на принцезата и принцот Вилијам на нејзини години.

Имено, објавувајќи фотографии една до друга од младиот Вилијам и принцезата Шарлот, корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека нивната сличност е неверојатна.

-Гените на Кејт Мидлтон дури не се ни во обид, се пошегува еден од корисниците.

To top