Свет

Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје

Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај.

Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.

Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.

За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.

Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.

„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.

To top