Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не ја криеше гордоста за изданието на својот тим, но како најдобар поединец на теренот го истакна младиот ас на Барселона, Ламин Јамал.
„Икрено, немам видено играч како Јамал последните осум-девет години. Моравме со тројца да го чуваме, толку е добар, па со тоа оставивме простор за останатите фудбалери на Барса. За среќа, неговото ниво во продолжението малку опадна, инаку ќе имавме огромни проблеми“, истакна Инзаги.
Интер одлично ги искористи слабостите во играта на каталонскиот гигант, максимално снаоѓајќи се во големиот простор што Барса вообичаено го остава на сопствената половина.
„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Имаат постигнато над 150 гола сезонава, веќе имаат два тројфеја, а се борат за уште два. Затоа и сум горд на мојот тим, бидејќи нашиот настап против еден ваков врвен противник исто така беше на високо ниво“, задоволен беше тренерот на Интер.