Македонија министерство за социјална политика, демографија и млади

Велковски во работна посета на детската градинка „Мариф Киндергарден“ во општина Брвеница

Препознаваме дека првите години од животот се клучни за развојот, и затоа нашите политики се насочени кон создавање достапни, квалитетни и инклузивни услуги за сите деца, потенцираше Велковски.

Велковски во работна посета на детската градинка „Мариф Киндергарден“ во општина Брвеница

Денес остваривме работна посета на приватната детска градинка „Мариф Киндергарден“ во општина Брвеница, установа која згрижува околу 200 деца на возраст од 9 месеци до 6 години. Градинката е пример за современи стандарди, посветен воспитен кадар и грижа што одговара на потребите на секое дете, објави заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, остануваме цврсто определени кон унапредување на системот на згрижување и рано детско образование. Препознаваме дека првите години од животот се клучни за развојот, и затоа нашите политики се насочени кон создавање достапни, квалитетни и инклузивни услуги за сите деца, потенцираше Велковски.

Тој додаде дека посебно ја истакнуваме важноста на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, како и улогата на локалната самоуправа, во создавање силна и одржлива мрежа на услуги за ран детски развој.

-Нашата цел е јасна: ниту едно дете да не остане надвор од системот на грижа и поддршка. Со политики што обезбедуваат еднакви можности за сите, вложуваме во иднината на секое дете без разлика каде расте, кој му е социјалниот статус или од која средина доаѓа, нотираше во објавата.

Децата се нашата иднина, а ние сме тука да изградиме општество кое се грижи, штити и инвестира во нивниот развој од првиот ден, објави Велковски.

Најнови вести од Македонија

To top