Македонија политички дијалог и соработка

Државниот секретар во МВР оствари средба со амбасадорката на Република Србија

Државниот секретар Петрушевски изразил искрена благодарност на амбасадорката Јовановиќ за несебичната, ефикасната и силната поддршка, како и големата солидарност кои Република Србија ги укажа на нашата земја по катастрофалната несреќа во Кочани и згрижувањето и третманот на дел од повредените.

Државниот секретар во МВР оствари средба со амбасадорката на Република Србија

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Заеднички беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и високото ниво на политички дијалог и соработка и посветеноста за натамошно продлабочување на соработката, информираат од МВР.

Државниот секретар Петрушевски изразил искрена благодарност на амбасадорката Јовановиќ за несебичната, ефикасната и силната поддршка, како и големата солидарност кои Република Србија ги укажа на нашата земја по катастрофалната несреќа во Кочани и згрижувањето и третманот на дел од повредените.

Во текот на средбата, акцент бил ставен на унапредување на одлично воспоставената соработка помеѓу двете земји односно помеѓу министерствата за внатрешни работи и финализирањето на подготовките за склучување на Договорот помеѓу Владите за воспоставување заеднички контроли на граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце–Прешево. Се разговарало и за актуелни прашања од значење за двете земји, како и за заканите и предизвиците во борба против секаков вид на криминал.

Двајцата соговорници ја истакнале важноста од континуиран политички дијалог во насока на продлабочување на севкупната и добрососедска соработка. Истовремено, се споменало и меѓусебното учество во меѓународните организации и регионалните иницијативи (СЕЛЕК, МАРРИ и други) кои се од заеднички интерес и придонесуваат за одржување и зајакнување на регионалната безбедност, стабилност и просперитет.

Најнови вести од Македонија

To top