Останати спортови скандал во мадрид

Тенисер направи хаос во Мадрид (ВИДЕО)

Тенисер направи хаос во Мадрид (ВИДЕО)

Францускиот тенисер Корентен Муте повторно се најде во центарот на вниманието на тениската јавност.

За време на мечот од првото коло на Мастерсот во Мадрид, 26-годишниот тенисер го предизвика бесот на публиката и остана без поддршка откако презеде серија контроверзни потези што кулминираа – со гест кој го имитираше кон дете во публиката.

Муте играше против сонародникот Харалд Мајо, а мечот заврши со резултат 6:3, и 4:2 откако одлучи да се повлече од теренот..

Откако го загуби поенот по спорната одлука на судијата Мохамед Лајани, Муто во бес го скрши рекетот. Судијата веднаш реагираше и му додели поен на Мајо, со што овој го освои гемот, а Муто веднаш потоа реши да го прекине мечот, наведувајќи повреда на грбот како причина.

To top