Едуардо Камавинга (22), играч од средината на Реал и репрезентацијата на Франција, на синоќешниот првенствен натпревар против Хетафе, кој Реал го доби со 1:0, комплетно ја скинал тетивата на адукторот.
Деталниот преглед следниот ден по натпреварот откри сериозна повреда на бутниот мускул на левата нога.
Поради тоа, Камавинга ќе паузира три месеци, јавуваат шпанските медиуми. Така ќе ја пропушти завршницата на сезоната во која Реал се бори со Барселона за титулата во Ла Лига, како и финалето на Купот на кралот, исто така против Барса.
Покрај тоа, нема да игра ни на Светското првенство на клубови, кое се одржува од средината на јуни до средината на јули.