СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Џ.(48) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп’’.
На 27.11.2023 на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, пријавениот на полициски службеник му понудил поткуп од 50 евра за да пушти лице од с.Бузалково за кое има „Судска забрана за излез од РМ”.