По преземени мерки и активности и обезбедени докази, на 17.12.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.О.(35) и 27-годишната М.Ј., двајцата од Скопје, поради сомнение дека сториле три кривични дела, соопштија од МВР.
-Имено, на 18.11.2023 тие извршиле „тешка кражба“ на дрзок начин, при што од жена одзеле чанта, на 04.10.2023 извршиле „кражба“, при што од возило одзеле лап-топ компјутер и на 13.09.2023 извршиле „кражба“, при што од женско лице одзеле мобилен телефон. Со двајцата биле извршени службени разговори, а по целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнуваат од МВР