Четворица Палестинци загинаа во денешниот напад на израелската војска во бегалскиот камп Фара, јужно од градот Тубас на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство на палестинските власти.
Министерството за здравство во Појасот Газа претходно соопшти дека во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа загинале 90 Палестинци.
По еден од израелските напади врз овој камп минатиот месец, канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека „постои сериозна загриженост дека станува збор за непропорционални напади кои би можеле да се третираат како воени злосторства“.