Министерот на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, оствари така наречена проштална средба со Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, вршител на должност во катарската амбасада во Скопје.
Денеска на проштална средба го примив Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, вршител на должност во Амбасадата на Државата Катар во Скопје. На средбата ги потврдивме традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што ја нагласивме заложбата за динамизирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво, објави министерот на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Во делот на билатералната соработка, ја акцентиравме потребата за продлабочување на економските и трговските релации, како и за зголемување на обемот на катарски гринфилд и браунфилд директни инвестиции во нашата земја, додаде Муцунски.