На 19.04.2025 во 14:10 часот во ОВР Делчево, било пријавено дека на ул.„Генерал Темпо“ во Делчево патничко возило „фиат“ со делчевски регистарски таблици, управувано од Г.П.(26), удрило во малолетник, двајцата од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Здравствениот дом во Делчево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.