Фудбал

Артета: Сфатив зошто имало луди работи во Мадрид

Артета: Сфатив зошто имало луди работи во Мадрид

Шпанскит тренер Микаел Артета за првпат по 2009 година го одведе Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите. И тоа не со елиминација на било кого, туку на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, успех кој го држеше Шпанецот под импресии.

„Вечерва сум под посебни емоции. Не заради полуфиналето, туку заради начинот на кој дојдовме до таму. Повреди, притисок, навивачкиот вресок на „Бернабеу“… а моите играчи гризеа! Никогаш не сум бил повеќе горд како тренер. Ова ми беше првпат да бидам како тренер на „Бернабеу“ и сфатив зошто на овој стадион се случуваат луди работи. Навивачките способности да направат хаос и да ти отворат сомнеж во себеси се луди, но ние успеавме да го надминеме тоа. И за овој успех, што сум тука, е благодарение на Пеп Гвардиола. Му се јавив утрово. Засекогаш ќе му бидам благодарен.“, изјави Артета.

To top