Македонија посета

Мисајловски во посета на 3. пешадиски баталјон во Тетово

Денеска ги посетив припадниците на 3. пешадиски баталјон во Тетово кои се вистински приказ на професионализмот, подготвеноста и патриотизмот кои се одлика на секој армиски припадник, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Припадниците на овој баталјон даваат придонес во мисиите и операциите надвор од Македонија, како и поддршка на полициските сили на јужната граница и во зајакнување на безбедноста на казнено-поправната установа Идризово. Тие, како и сите останати припадници на Армијата заслужуваат одлични услови за работа и затоа нашиот приоритет останува процесот на реконструкција на армиските објекти, вклучувајќи ги и објектите во тетовската касарна. Остануваме посветени на трите столба на кои почива една силна и модерна Армија – опремувањето и модернизацијата, грижата за армиските припадници и стабилното буџетирање на одбраната, истакна Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top