Навивачот на Олимпијакос што го навредуваше евролигашкиот судија Жозеф Бисанг од Франција, доби доживотна суспензија од натпреварите во Евролигата и во Еврокупот, додека тимот од Пиреја веднаш му го одзеде сезонскиот билет.
По тој повод, итно реагираше Евролигата, објавувајќи соопштение.
Евролигата изрече забрана за навивач и доживотно му забрани влез на кој било натпревар организиран од Евролигата (вклучувајќи го и Еврокупот) и на кој било негов настан, поради расистички коментари упатени кон еден од членовите на нашиот судиски тим на натпреварот Олимпијакос – Валенсија, одигран на 15 декември 2023 година – се вели во соопштението на Евролигата.