Македонија

Љутков: Власта го урна целиот систем на култура, нема нови објекти, а директорските места ги чуваат како за партиски вработувања

Во однос на објектот кај старата скопска чаршија, тој истакна дека тој е урнат пред една година.

Љутков: Власта го урна целиот систем на култура, нема нови објекти, а директорските места ги чуваат како за партиски вработувања

„Оваа власт ни покажа во овие 7 години како се урива еден систем во културата и со тоа ни ги отворија очите дека некој друг може да забега по тој пат“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков во гостување во „Тема на денот“, на ТВ Сител.

Тој додаде дека нема никакви капитални инвестиции што значи дека во 7 години не е изграден ниту еден објект.

Тој продолжи и додаде дека министерката за култура отворено признала дека директорските места ги местат за партиски вработувања.

„Таа кажа дека имаме в.д. директори но бидејќи не ги исполнуваат критериумите да станат директори и им фалат сертификати и некакви дозволи ги чекаме да ги дособерат па подоцна ќе го отвориме конкурсот за да станат директори“, кажа Љутков.

Во однос на објектот кај старата скопска чаршија, тој истакна дека тој е урнат пред една година.

„Објектот во старата скопска чаршија не е урнат сега туку пред една година на 18-ти декември 2022 година и кренавме галама за тој објект затоа што тој е заштитен со законот за културно наследство и има двојна заштита со споменичка скулптура“, рече Љутков.

Тој заклучи дека кога пријавиле во министерството за култура, министерката им кажала дека ќе реагираат за да денеска да видат дека таа знаела уште од октомври месец, а објектот е урнат во декември и тука има тотална конфузија.

Најнови вести од Македонија

To top