Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, наутро ќе биде променливо облачно, а преку ден сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
За следните денови, синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла.