Свет Пјаца дел Пополо

Граѓаните на Равена ќе го пречекаат кралот Чарлс, на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето од нацизмот

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе го посетат гробот на Данте, каде извадок од „Божествената комедија“ ќе прочита актерката Ермана Монтанари од Равена.

Граѓаните на Равена ќе го пречекаат кралот Чарлс, на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето од нацизмот

Италијанскиот град Равена се подготвува да ги пречека британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, кои ќе му се придружат на италијанскиот претседател Серџо Матарела на одбележувањето 80-годишнината од ослободувањето на тој дел од Италија од нацизмот.

Во историскиот центар на градот, вклучувајќи ги Плоштадот на народот (Пјаца дел Пополо), плоштадот Сан Франческо и Гробот на Данте Алигиери, насобраните граѓани ќе ја пречекаат кралската двојка, носејќи италијански и британски знамиња, како и транспаренти со слики на кралот Чарлс и покојната кралица Елизабета Втора.

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе го посетат гробот на Данте, каде извадок од „Божествената комедија“ ќе прочита актерката Ермана Монтанари од Равена.

To top