Свет потера

ВИДЕО: Полициска потера во Англија заврши катастрофално, автопатот кај Њукасл како отпад за полициски возила

Во страшна сообраќајна несреќа во која учествуваа пет полициски возила во близина на Њукасл, Англија и едно БМВ со повреди завршија пет лица, објавија светските медиуми.

Како што се гледа во снимките од силината на судирот делови од возилата се распрснале по целата ширина на раскрсницата. Сцената е ужасна, а автомобилите се целосно уништени.

Според достапните информации, се работело за полициска потера по БМВ-то при што дошло до директен судир помеѓу “BMW”-то и едно од полициските возила, при што возилото на полицијата останало без кров и три врати, кои одлетале низ сите коловозни ленти.

„Вакво нешто никогаш во животот не сме виделе, бевме во шок,“ раскажуваат мештаните откако ги виделе разорните сцени од местото на несреќата.

Делницата меѓу Свалвел и Дентон е целосно затворена за сообраќај. Се создадоа огромни сообраќајни редици.

На лице место се сите служби за итна помош, а во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

To top