Вести Регион не биле исполнети критериумите за негово покренување

Во Србија системот „Пронајди ме“ досега не е активиран ниту еднаш

Откако почна да работи системот „Пронајди ме“ за итно известување до јавноста во Србија во случај на исчезнување малолетник, тој не е активиран ниту еднаш. Претставничката на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Олгица Чекиќ, за ТВ Н1 објасни дека не се огласил бидејќи не биле исполнети критериумите за негово покренување.

Во Србија системот „Пронајди ме“ досега не е активиран ниту еднаш

 

Таа потсети дека системот е пуштен во употреба на 25 октомври во Србија, врз основа на „Amber alert system“. Тој не се огласил бидејќи не се исполнети критериумите за негово покренување.

„Кога велиме критериуми, тоа го велиме затоа што полицијата како надлежен орган што го стартува системот проверува исполнување на тие критериуми. Тоа значи дека се работи за киднапирање, односно дека исчезнувањето е поврзано со извршување на кривично дело или дека се работи за ситуација во која се проценува дека малолетно лице е во непосредна животна опасност. Тоа е главниот критериум, а може да биде и кога не се работи за исчезнување на малолетно лице, па во зависност од случајот, на полицијата е да процени дали се исполнети критериумите“, рече Чекиќ.

Според неа, доколку детето е под седум години, системот по правило се активира.

Таа рече дека од стартот на системот „Пронајди ме“ нема официјални податоци за бројот на пријавени случаи на исчезнати деца, но дека има информации дека се пријавени шест исчезнувања.

„За секое од тие исчезнувања полицијата ги проверуваше критериумите дали се исполнети за да се активира системот. Сакам да нагласам дека сензибилизацијата на јавноста е многу важна и дека понекогаш, за жал, од страна на медиумите оди во погрешна насока, односно јавноста се алармира за секое исчезнување и се започнува со типот на коментари. „Зошто системот не работи“? Тоа укажува дека постојано има потреба од едукација за тоа што всушност значи тој систем“, изјави Чекиќ.

To top