Русија значително го зголеми производството на оружје со цел да ја нападне Украина и им се заканува на балтичките земји, Грузија и Молдавија, изјави Борис Писториус во интервју за Велт ам Зонтаг.
Во меѓувреме, САД најверојатно ќе го намалат својот воен ангажман во Европа бидејќи се повеќе се свртуваат кон Индо-Пацификот.
„Ние Европејците мора да бидеме поангажирани за безбедноста на нашиот континент. Имаме околу 5-8 години да фатиме чекор – во однос на вооружените сили, индустријата и општеството“, рече Писториус, истакнувајќи дека на регионот ќе му треба време да зголеми сопствено производство на оружје.
На Европа и е јасно дека можеби ќе треба да ја надомести и американската помош за Украина доколку Вашингтон не успее да се договори за ново финансирање, додаде тој.
„Изборот на нова полска влада која е попроевропска сега треба да му овозможи на Вајмарскиот триаголник од Берлин, Париз и Варшава дополнително да ја развива воената соработка“.
Писториус рече дека засега не предвидува дека германската армија ќе повтори мисии толку големи како оние извршени во Авганистан и Мали.