Свет Азербејџан

Уапсен поранешниот шеф на владата на Нагорно Карабах при обид да премине во Ерменија

Уапсен поранешниот шеф на владата на Нагорно Карабах при обид да премине во Ерменија

Поранешниот шеф на владата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах, Рубен Варданјан, е уапсен кога се обидел да пребега од таа територија во Ерменија за време на азербејџанската офанзива, соопшти денеска граничната полиција на Азербејџан.

Варданјан, бизнисмен и сопственик на голема инвестициска банка во Русија, се пресели во Нагорно-Карабах во 2022 година и беше на чело на сепаратистичката администрација во енклавата неколку месеци пред да поднесе оставка оваа година.

Азербејџан минатата недела започна воена операција за да ја врати целосната контрола врз Нагорно-Карабах, со кој владееја сепаратистите околу 30 години.

Илјадници Ерменци се обидоа да го напуштат регионот откако сепаратистите се согласија да го положат оружјето.

Најнови вести од Свет

To top