Македонија во касарна „Страшо Пинџур“

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата

Припадниците на Првата пешадиска бригада денеска во касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец ќе го одбележат Денот на Единицата.

Како што информираат од Генералштабот на Армијата, на одбележувањето ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и ГШ на Армијата….

За Ден на Првата пешадиска бригада е определен 2 април, како датум на кој оваа Единица е трансформирана и ги презела задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во Армијата.

Најнови вести од Македонија

To top