Скопје драматично во домот на генсекот на Град Скопје

Демантот на МВР потврди дека генералниот секретар на Град Скопје се заканувал со самоубиство, одземен бил и пиштол

-Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка, истакнуваат од МВР.

Демантот на МВР потврди дека генералниот секретар на Град Скопје се заканувал со самоубиство, одземен бил и пиштол

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење односно, како што велат, заташкување на пријавен случај во врска со лицето З.Г., се вели во демантот на МВР.

-Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка, истакнуваат од МВР.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста, додаваат од МВР.

Изминатите неколку дена опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека МВР се обиделе да го прикријат овој настан.

-Според написите на медиумите Глигоров извршил семејно насилство врз сопругата на 17 ноември оваа година. Настанот бил пријавен во полиција, а полицијата која интервенирала во случајот се соочила со крајно вознемирувачка атмосфера. Ситуацијата била уште поопасна затоа што Глигоров како што се наведува во известувањата поседува и пиштол. Според информациите за кои известија медиумите, избегната е поголема трагедија поради брзата и навремена реакција на полициските службеници кои успеале да му стават лисици, рече на прес-конференција советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Арсовска која се претставува како голем бранител на правата на жените, се покажува дека за соработници има луѓе кои се пријавуваат за семејно насилство, не еднаш, туку неколку пати, вели Андоновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова не е прв случај Глигоров да биде пријавуван за семејно насилство. Тој уште во 2007 е регистриран во МВР за нанесување тешка телесна повреда на неговата сопруга при семејно насилство, а повторно е пријавуван и во 2017 година, кога според написите на медиумите полицијата кај него нашла огнено оружје хеклер. Глигоров покрај пријавите за семејно насилство, беше дел од скандал за обид за физичка пресметка со вработен во Град Скопје. И во овој случај повикана беше да постапи полицијата.

Андоновски рече дека по сите овие афери се поставува логичното прашање:

Дали Данела Арсовска го толерира својот најблизок соработник во овие активности, дали најблискиот соработник на Данела Арсовска е семеен насилник и дали Арсовска знаејќи за ова се уште го држи истиот да го раководи со Град Скопје? Дали вака се реализира борбата за учество и права на жените?

ВМРО-ДПМНЕ побара Глигоров итно да биде разрешен од позицијата генерален секретар во Град Скопје.

Во овие година и пол од мандатот на најблискиот соработник на Данела Арсовска, во Градот единствено слушаме за насилство, закани, мобинг, разместување на раководители на сектори, навреди, понижувачки однос лоши меѓучовечки односи. Ова не смее да се толерира, додаде Андоновски.

To top