Лондонската полиција објави детали за случајот со бебето чие тело беше пронајдено во торба пред црква во Нотинг Хил.
Се работи за машко бебе пронајдено во црна торба. На местото пред црквата е констатирана смрт.
Полицијата соопшти дека биле повикани во 12:46 часот по пријава за бебе оставено пред црква.
Овој случај, за началникот Овен Реноуден е шокантен и трагичен. -Загрижени сме за благосостојбата на мајката.
-Веруваме дека таа неодамна се има породено и знаеме дека веројатно се чувствува многу исплашено и поминува низ исклучително тежок период. Ако сте мајка и го гледате ова денес, ве повикувам да излезете и да побарате помош. Наш приоритет е да ви помогнеме и да ви обезбедиме медицинска нега, рече Реноуден.
Тој додаде дека може да побара помош во секое време, во болница, полициска станица или со јавување на итната помош.
Полицијата ги повика сите со какви било информации да се јават кај нив.