Фудбал

Јан Вертонген најави крај на фудбалската кариера

Јан Вертонген најави крај на фудбалската кариера

Белгиската fфудбалска легенда Јан Вертонген најави крај на фудбалската кариера по крајот на тековната сезона.

37-годишниот стопер кој настапува за Андерлехт ги игра последните месеци од кариерата. Вертонген ја објасни својата одлука за повлекувањето, нагласувајќи дека повеќе не е на посакуваното ниво.

„Во последните неколку седмици ми стана јасно дека ова ќе бидат моите последни натпреваро. Одлуката не беше лесна, ама е исправна. Забележав дека ми е сè потешко физички да се подготвам за тренинзите и натпреварите, како и да се прикажувам како играчот кој сакам да бидам. Поради тоа ќе запрам по оваа сезона“, изјави Белгиецот.

 

To top