Фудбал

Јамал: Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Јамал: Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Малкумина очекуваа дека напаѓачите на Барса вака ќе „се вклопат“ оваа сезона. Рафинха беше практично на излезна врата, клубот сакаше да се ослободи од него, но тој блесна оваа сезона и значително придонесе.

За Левандовски беше очекувано дека ќе биде носител, а Јамал, и покрај тоа што зад него беше одлично Европското првенство, не беше очекуван.

Токму Јамал беше еден од предводниците на Барселона до одличен резултат во Лигата на шампионите и оцени дека неговиот тим е главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите:

„Ние сме фаворити да ја освоиме Лигата на шампионите сега кога Ливерпул испадна“, рече Јамал и додаде. Не се плашиме од ниту една екипа, ние сме семејство. Ние сме поинаков тим отколку минатата година против Пари Сен Жермен“, заклучи талентираниот криен напаѓач од Шпанија.

To top