„Партиските тела и органите на партијата ќе разговараат околу темата техничка влада, и која да биде одлуката ние ќе ја соопштиме на јавност“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
„Јас не би сакал да излегувам со мислење и ставови пред партијата да излезе со став, но еве мое лично мислење е дека би требало можеби да учествуваме во таа техничка влада, да си ги фатиме министерските позиции и заменичките министерски позиции. Нашата партија има доволно потенцијал и капацитет да учествува во тие структури, а се со цел да го спречи предизборниот поткуп“, нагласи Ковачки.
Ковачки додаде дека според него ВМРО-ДПМНЕ треба да биде дел од техничката влада се со цел да се спречи предизборниот поткуп од страна на власта.
„Мислам дека тоа што ни се случуваше во 2020-та година, во моментов кога јас станував пратеник на тие избори, мислам дека беше недозволиво за една демократска држава која што штотуку беше станала членка на НАТО“, појасни пратеникот.
Тој посочи дека злоупотребите на институциите врз изборен процес треба да запрат.
„Од тие причини мислам дека треба да се преземат институциите, наши кадри да ги преземат институциите, а од друга страна можеби и време е веќе полека да влегуваме во институциите затоа што еве ги изборите пред нас и ние на тие избори ќе однесеме сериозно голема победа. И нашиве министри да продолжат да ја имплементираат одредениот дел од нивната визија која што ја имаат за министерствата кои што ќе ги водат“, појасни тој.
Ковачки рече дека факт е дека таа техничка влада е само за спроведување на избори. Но, тоа не значи дека ќе бидат оставени на страна и другите работи кои што се актуелни.
Македонија
Партиските тела и органите на партијата ќе одлучат
Ковачки: Моето мислење е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде дел од техничката влада, за да се спречи предизборен поткуп од страна на власта