Портпаролот на СДС и претседателот на ССМ, Трендафилов очајнички продолжува да работи стриктно во интерес на опозицијата, а не на работникот. Благодарeние на СДС тој стана нелегално претседател на ССМ, молчеше додека тие беа на власт и додека граѓаните живееја со 150 денари на ден, а сега како на дугме се појавува во јавноста и ја напаѓа власта неаргументирано, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој е единствениот синдикалец на кого му штети покачувањето на платите. Само тој и СДС се против зголемување на платите, односно се докажува дека се координирани. Неговите илузорни барања кои не се поткрепени со анализи и се неаргументирани, туку се воедначени со барањата на СДС, се далеку од реалноста и затоа Трендафилов продолжува да ги пренесува интересите на СДС како нивен портпарол. Трендафилов треба да одговори дали сам си ја зголемил платата над 1000 евра и дали секој месец троши над 30 илјади денари за службено возило на релација Велес кон Скопје? Дали лицемерноста на Трендафилов е иста како и на СДС? Портпаролот на СДС Трендафилов, воопшто не знае како е да се биде работник во државата, ниту пак знае како е да се биде во нивна кожа. Него го интересираат само политичките игри сервирани од Бихаќка, се наведува во партиското соопштение.
„Заврши времето на како до сега, Трендафилов да се соземе“ – му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.