Управата на шпанскиот гигант, Барселона, му понудил нов договор на Американецот Кевин Пантер, јавија медиумите на Пиринеите.
Се вели дека Пантер добил понуда за следната година и истата би требало да ја прифати, особено поради фактот што предвидено е зголемување на примањата од триесет проценти.
Кошаркарот кој блесна во дресот на белградски Партизан сезонава бележи просек од 16,5 поени, 3,2 асистенции и 2,2 скока по натпревар.
Европската авантура ја започна во Хидро Трак Радом, а потоа играше за АЕК од Атина, Олимпијакос, Црвена Звезда и Олимпија Милано.