Македонија Баку

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателката на Националното собрание на Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која е во официјална посета на Азербејџан, ќе има средба и со премиерот Али Асадов.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателката на Националното собрание на Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Баку се сретна со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова. Сиљановска Давкова се потпиша во Книгата на впечатоци во Собранието, а со Гафароваа разменија искуства за функционирањето на законодавните домови, застапеноста на жените во пратеничките редови и собраниските функции, како и за можностите за соработка.

Претседателката, која е во официјална посета на Азербејџан, ќе има средба и со премиерот Али Асадов.

Aктивностите на претседателката почнаа вчера со тет-а-тет средба со нејзиниот домаќин Илхан Алијев на која беше иницирано потпишување декларација за стратешко партнерство и пријателство со фокус на јакнење на соработката во енергетиката и економијата, како и укинување на визите за дипломатски и службени пасоши.

Најнови вести од Македонија

To top