Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечено поставување на камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“ во Општина Ресен кај селото Долно Дупени.
Проектот опфаќа изградба на административна зграда за Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети, а се очекува реализацијата да заврши за 16 месеци.
Проектите од програмата „ЕУ за Преспа“ се финансирани од Европската унија и реализирани од УНДП во партнерство со националните и локалните партнери.