Британскиот суд му наложи на принцот Хари да му плати на Дејли Меил 48.000 фунти (56.000 евра) како правни трошоци за неговата неуспешна тужба за клевета.
Војводата од Сасекс го тужеше „Associated Newspapers“, кој е сопственик на Дејли Мејл, поради написот во кој се тврди дека Хари се обидел да ја скрие својата желба да ги задржи телохранителите во Велика Британија откако се повлече од својата улога како работен член на кралското семејство.
Судијата Метју Никлин од Високиот суд во Лондон во петокот одлучи дека издавачот претставил „реална перспектива“ за да покаже дека изјавите издадени во име на Хари се погрешни и дека написот од февруари 2022 година одразува „чесно мислење“ и не е клеветнички.
Адвокатите на Associated Newspapers тврдеа дека написот пренесува „фер мислење“ и не предизвикува сериозна штета на кралскиот углед.