Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари работна средба со генерал потполковник Хуан Пабло Санчез Де Лара, командант на НАТО Центарот за комбинирани воздушни сили во Торехон, Шпанија (CAOCT).
-Разговаравме за успешниот придонес на Македонија во овој капацитет, за зајакнување на соработката и за заштитата на македонското небо, како дел од воздухопловното патролирање на Алијансата (NATO Air Policing) во соработка со националните воздухопловни оперативни центри, пишува Мисајловкси на Фејсбук и додава:
„Мисијата на Центарот е дел од клучните столбови на колективната одбрана на Алијансата кој овозможува подеднаков стандард на обезбедување на небото на секоја од државите членки на НАТО“.