Свет Хамас не смее да има идна улога во Газа

ЕУ го поздрави Планот на Арапската лига за Газа

Секој план за иднината на Газа мора да обезбеди кредибилни решенија за обнова, управување и безбедност, се наведува во реакцијата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на Планот за закрепнување и обнова на Газа предложен од Лигата на арапски држави.

-Напорите за закрепнување и обнова мора да се засноваат на цврста политичка и безбедносна рамка прифатлива и за Израелците и за Палестинците, која ќе гарантира мир и безбедност за двете страни, се наведува во соопштението.

Калас додава дека Европската Унија го поздравува Планот за закрепнување и реконструкција на Газа претставен минатата недела на Самитот на Арапската лига во Каиро, кој исто така беше поддржан и од Организацијата за исламска соработка, како „сериозна основа за дискусии за иднината на Појасот Газа“ за што ЕУ ќе разговара со своите арапски партнери.

-ЕУ е решена дека Хамас не смее да има идна улога во Газа и дека Хамас повеќе нема да биде закана за Израел. Ќе продолжиме со нашата политичка и финансиска поддршка на Палестинската самоуправа и нејзината програма за реформи, за да и помогнеме да се подготви за враќање да управува со Газа, наведува Калас.

Во реакцијата натаму се посочува дека ЕУ повикува на целосно спроведување на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците, што ќе доведе до ослободување на сите заложници и траен крај на непријателствата.

-ЕУ е целосно посветена на заживување на политичкиот хоризонт кон мир на Блискиот Исток, заснован на решението за две држави. Унијата потсетува и на важноста од одржлива дистрибуција на хуманитарна помош низ Газа, се додава во реакцијата.

To top