Фудбал

Алисон: Ова беше мојот најдобар настап во кариерата

Алисон: Ова беше мојот најдобар настап во кариерата

Ливерпул го издржа притисокот на ПСЖ, а голманот Алисон Бекер со неверојатни одбрани успеа да ги неутрализира најопасните напади на францускиот шампион, кој на крајот и го загуби натпреварот со актуелниот лидер во Премиер лигата.

Бразилскиот голман блескаше на голот на „црвените“ и е најзаслужен за ваквиот епилог од гостувањето во Париз, заедно со стрелецот на единствениот гол, Харви Елиот.

По натпреварот, Алисон и самиот признал дека ова му бил веројатно и најдобриот настап на големата сцена.

– Ова веројатно беше натпреварот, најдобриот настап во мојот живот.Менаџерот ни објаснуваше колку тешко ќе биде соочувањето со ПСЖ, колку се добри со топка и дека може да очекуваме тешки моменти во Париз. Работевме напорно, не ги реализиравме своите шанси, а голот на Елиот е само перфектен крај на оваа приказна за нас, – изјавил Алисон.

To top