Нов жител се пресели во Бакингемската палата. По повеќе од дваесет години, британскиот крал Чарлс доби ново куче, кое го нарече Snuff.
Британските медиуми пишуваат дека кралот Чарлс е воодушевен од својот нов миленик, кученце од престижната раса Лагото Ромањоло, кое инаку е познато по доброто сетило за мирис и способноста да бара тартуфи.
Станува збор за раса која потекнува од италијанскиот регион Емилија Ромања. Кучињата се со средна големина и имаат карактеристично кадраво влакно, што секогаш ги прави да изгледаат неуредно или разбушавено.