Македонија ојо

Обвинителот Хајрулахи поднесе кривична пријава против Љупчо Коцевски

За сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик, информира Мустафа Хајрулахи.

Обвинителот Хајрулахи поднесе кривична пријава против Љупчо Коцевски

Мустафа Хајрулахи денес поднесе кривични пријави против своите колеги. Имено, Хајрулахи беше шеф на Вишото скопско обвинителство.

-Ве информирам дека денеска поднесов кривична пријава против Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Република Македонија, Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик, информира Мустафа Хајрулахи.

Вишиот обвинител Хајрулахи е суспендиран од раководната позиција во Вишото обвинителство, а зад затворени врати со седум гласа ЗА Советот на јавни обвинители, ја отфрли жалбата на Хајрулахи кој бараше укинување на одлуката за негово оддалечување донесена од државниот обвинител.

Најнови вести од Македонија

To top