Свет Карл Нехамер

Нехамер: Австрија нема да се согласи за пристапување на Украина во ЕУ под сегашните услови

Потребни се и внатрешни реформи на ЕУ доколку Унијата сака да биде „способна“ за проширување, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Парламентот.

Нехамер: Австрија нема да се согласи за пристапување на Украина во ЕУ под сегашните услови

Австрија нема да се согласи да започне преговори со Украина за пристапување во ЕУ под сегашните услови. Ова го истакна австрискиот канцелар Карл Нехамер на средбата со членовите на Националниот совет во главниот Комитет за прашања на ЕУ на австрискиот Парламент.

„Австрија секогаш ја поддржувала европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Сега, како знак на солидарност, на Украина и на Република Молдавија исто така треба да им се понудат изгледи за пристапување“, рече Нехамер и остро се спротивстави на „брзата процедура“ за двете држави.

Дополнително, нагласи тој, потребни се и внатрешни реформи на ЕУ доколку Унијата сака да биде „способна“ за проширување, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Парламентот.

„Австрија нема да се согласи на преговори за пристапување во ЕУ со Украина под сегашните услови, а особено не треба да има фаворизирање кон Украина во однос на Босна и Херцеговина“, рече Нехамер одговарајќи на прашања на пратеници, соопшти прес-службата на австрискиот Парламент.

Австрискиот канцелар потсети и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со премиерите на земјите-членки пред да го покрене прашањето за перспективата на преговорите со Украина за влез во ЕУ.  (МИА)

To top