Поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица „Злетовска“ бр. 18 во Шуто Оризари, без вода ќе останат корисниците од улиците „Злетовска“, „Слан Дол“, „Демирхисарска“ и „Јован Хаџи Шишков“ во таа општина.
Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот и ќе трае до завршување на работните активности.