Република мкц

Нов Младински културен центар во Ресен

Учесниците сега имаат информација за тоа каков ќе биде ликот на новиот објект и сите простории што ќе се реновираат. Учесниците искажаа предлози и идеи кои може да бидат искористени за функционалност на просториите, посочија од тамошната локална самоуправа.

Нов Младински културен центар во Ресен

Општина Ресен ќе го реновира објектот на старата пожарна во тој град и ќе го пренамени во Младински културен центар како и Центар за културно наследство на Ресен и Преспа.

Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен информираат дека на првата работилница со невладини организации и здруженија од општината идејата на локалната самоуправа е прифатена со задоволство и конструктивно надградување.

-На работилница со локалните невладини организации и здруженија го претставивме проектот за реновирање кое е во соработка со ЦИСС организацијата и со партнерство на Домот на културата „Драги Тозија”. Учесниците сега имаат информација за тоа каков ќе биде ликот на новиот објект и сите простории што ќе се реновираат. Учесниците искажаа предлози и идеи кои може да бидат искористени за функционалност на просториите, посочија од тамошната локална самоуправа.

Општина Ресен од неодамна е вклучена и во нов меѓународен проект за урбана мобилност, а со цел решавање на проблемите во сообраќајот со акцент на јавниот транспорт.

To top