Миле Свилар добива нов договор од италијанската Рома, објавија медиумите во Италија.
Голманот се прикажа во солидно светло и си заслужи нова соработка која ќе трае до 2029 година.
Воедно, понудено му е зголемување на платата, што значи дека ќе заработува скоро три милиони евра годишно.
Рома реши бргу да реагира и да проба да го „врзе“ чуварот на мрежата, за кој има голем интерес од Вест Хем и Манчестер Сити. 25-годишниот Свилар ја започна кариерата во Андерлехт, а во Рома пристигна од португалскиот гигант, Бенфика.