„Треба да им се извини на младите луѓе за тоа што создадоа ненормална атмосфера за живеење на младите луѓе, создадоа Македонија да е неиздржливо место на живеење, место на изместени вредности, каде неказнивоста царува, корупцијата и фаќањето врски се нераскилнив дел од секојдневниот живот на еден млад човек“, вели Попов.
Тој додаде дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе апсолвирана тема.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со сериозни проекти кои ќе значат намалување на младинска невработеност, зголемување на студентски стандард, обезбедување услови за младите лекари, младите земјоделци, млади фреленсери, вработување на млади лица до 29 години, разни даночни олеснувања но пред се и над се нормализација на македонското општество“, кажа Попов.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе настапи со својата коалиција „За обнова на Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш така и на овие избори ќе има сериозна и прецизна понуда кон младите луѓе. Унијата на млади сили со своите тимови и заедно со тимовите на сениорско ниво во партијата сериозно работат на пишување на проекти за млади и размислување на начините како тие проекти понатаму ќе се имплементираат, така да ние на граѓаните нема да им продаваме апстрактни муабети како проевропски и антиевропски фронт туку кои проекти ги нудиме ние, а кои проекти ги нудат они“, заклучи Попов.