Општина Ѓорче Петров отпочна реконструкцијата на 13 краци на ул. Алексо Демниевски. За првпат се реконструира улична мрежа со вкупна должина од 3000 метри и површина од 11.350 m².
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа инвестиција од приближно 15.000.000 денари значајно ќе ја подобри инфраструктурата и ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во местото Диво Маало – по првпат после неколку децении!
-Секој метар асфалт е чекор кон подобар живот, поголема удобност и иднина која ја градиме заедно. Ова е доказ дека Ѓорче Петров не застанува. Продолжуваме напред, со уште поголема решителност и енергија, за да ги исполниме сите наши заеднички соништа. Благодарам на секој од вас за трпеливоста и довербата. Ова е наша заедничка победа, а јас сум тука да осигурам дека ќе продолжиме да градиме иднина за која сите заслужуваме да бидеме горди, вели Стојкоски.