Кристијано Роналдо имаше клучен ефект во победата на Ал Наср во првенството на Саудиска Арабија, а Португалецот денеска стигна до голот број 925 во својата фантастична кариера.
Ал Наср славеше на гостувањето кај Ал Вахда (0:2), а Роналдо го најави триумфот со гол со глава во 48. минута од средбата.
Во вториот дел, Португалецот изведуваше слободен удар и изнуди пенал бидејќи еден од играчите во живиот ѕид играше со рака, по што ги импресионираше фановите со својот џентлменски потег.
Роналдо кој вообичаено е гладен за нови погодоци, реши да му го отстапи пеналот на Садио Мане, имајќи го предвид постот на Сенегалецот кој со денешниот пенал ќе се надева дека ќе започне успешна серија.
Cristiano’s goal from the stands!pic.twitter.com/ROBixNDS2H
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) February 25, 2025