Фудбал руши рекорди

Роналдо за својот 50. гол годинава: Многу сум среќен, има време за уште неколку

Ал-Наср се пласираше во полуфиналето на турнирот, противникот ќе го дознае по ждрепката.

Роналдо за својот 50. гол годинава: Многу сум среќен, има време за уште неколку

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо синоќа стигна до границата од 50 гола во 2023 година.

Триесет и осумгодишниот фудбалер постигна голот во четвртфиналниот натпревар од Купот на Саудиска Арабија против Ал Шабаб (5:2).

– Одлична победа и многу сум задоволен што можам да го објавам мојот 50-ти гол за 2023 година. Сето ова е благодарение на непоколебливата поддршка од моите соиграчи, навивачите и моето семејство! Оваа година има време за уште неколку голови, напиша напаѓачот на социјалните мрежи.

Ал-Наср се пласираше во полуфиналето на турнирот, противникот ќе го дознае по ждрепката.

Роналдо се пресели во клубот од Саудиска Арабија на крајот на декември 2022 година. Во текот на оваа година, тој постигна 40 гола за Ал-Наср и уште 10 гола за Португалија во квалификациите за Евро 2024 година.

To top