Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз таа земја.
Ова е втор преглед на програмата за заем за Украина, а воедно директорката на ММФ Кристалина Георгиева вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Притоа, таа му потврдила дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја, освен, се разбира, на една земја, а тоа е Русија.
„И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува. Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучот во сè е надворешното финансирање, кое мора да продолжи на навремена и предвидлива основа “, рече Георгиева во таа прилика.
Украинските власти можат веднаш да ја повлечат споменатата помош од 900 милиони американски долари, што ги зголеми вкупните средства на ММФ за Украина оваа година на 4,5 милијарди американски долари.